Гледачка во контактната емисија “Во тек” на ТВ 24 коментира:

“Панче Тошковски да ги врати парите кои ги испумпале со Мицкоски. Кој е Христијан Мицкоски да дели наши народни пари на Панче, на Јанче, на Трајче на кој и да е?! Сакам да прашам за какви плати зборува Мицкоски? Па, тој сега зема плата од Машински факултет, а не оди на работа. Ако е тој за граѓаните нека ја отстапи платата на некој јак, добар студент што навистина учел и завршил  на неговиот факултет таму. Нека има таква доблест, нека се откаже од платата, нека ја стави во мирување. Вака вели: ”Ќе ја ставам Македонија на брза лента.” Па, јас се плашам да не ја убрза многу лентата па сите да се испотепаме од лентата, да направиме “трас-трас.”” – коментира гледачката.

Друга гледачка пак се надоврзува и вели:

“Срамота е да се зборува лошо за земја којашто во светот сега е вистина пример за тоа како и на кој начин се решаваат проблемите и посебно за земја којашто сега, во овој момент, е признаена како пример за тоа како и на кој начин треба да се решаваат проблемите во мултиетничко општество.

Срамота е да се каже за оваа земја дека пропаѓа. Тоа што е факт е дека ние за 2,5 години станавме земја признаена од сите релевантни фактори, сите релевантни фактори дојдоа во Скопје, а ние сами не си се признаваме. Тоа е проблем на луѓето кои забегале во некаква посебна идеологија, тоа е нивно право неспорно. Меѓутоа, срамота е јавно на телевизија да се кажува дека пропаѓа државата!” – заклучи гледачката.