На прашањето дали бомбите објавени од Антонио Милошоски имаат некаква тежина, гледач на емисијата “Очи во очи” на ТВ 24 прашува како може ваква бомба да се смета за сериозен материјал кога во неа се слуша само еден глас, а спорен е и тајмингот и кредибилитетот на објавувачот.
“Во летаргичноста во која што се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ и неможноста да понудат нешто подобро на граѓаните се зафатија со некои бомби, бомба во која што сам себеси си зборуваш не можеш да ја наречеш бомба. Ова е еден вид очаен обид. Не знаеш со кого разговара. Како што јас слушнав се слуша само еден глас. Некако не ми дава основ дека од ова може да се покрене некоја судска постапка. Многу е симптоматично ова со бомбите, баш сега, па баш и Милошоски, кој кредибилитет го има Милошоски да објави бомби стварно не ми е јасно.” – вели гледачот.