Во вчерашното издание на контактната емисија “Во тек” емитувана на 24 ТВ, гледач со свој коментар за критиките на Мицкоски кон здравствените власти:

“За тие што го критикуваат Филипче, не разбирам зошто Мицкоски глуми дека има склероза. Не можете вие во екот на пандемијата да барате да купите нешто што сите сега го кријат и го чуваат за себе – за “Не дај Боже”. Некој претходно требало да ги наполни резервите, ама ние си садевме врби во Вардар, си правевме стиропор фасади, сакавме да си правиме Милениумско тркало од 20 милиона, моравме да купиме автобуси на 2 спрата да имаме панорамски поглед, се глупиравме јавно во светот и сега бараме помош. Од кого да бараме помош, од оние што ни викаа: Луѓе што правите, ќе немате леб да јадете?!” – изјави гледачот.