Гледач во емисијата “Здраво Македонијо” на Канал 5 ТВ со коментар на предлогот на претседателот на СДСМ Заев за намалување на платите на минималец со цел надминување на економската криза наметната со коронавирусот:
“Сите предлози на Заев треба да се уважат од страна на Владата. Мицкоски и претседателот на синдикатите се бунат, ги боли да земаaт минималец зошто сега многу земаат. Господинот Мицкоски треба да види малце што е мака, а не само луѓево кои се сиромашни и не можат да излезат и да си купат нешто. Мицкоски само со советувања го бива, затоа што тој има пари, нека ја даде неговата плата па да види како обичниот народ живее во денешницава.” – додаде гледачот.