Во денешното издание на емисијата “Во тек” на 24 ТВ гледачка со коментар за актуелната ситуација во државата во поглед на економските и здравствените импликации врз нашата држава причинети од светската закана – коронавирусот:

“Ги поддржувам сите мерки на Владата и на сите институции на државата во спрaвувањето со оваа болест. Мислам дека сега не е време за критики по секоја цена, особено не е време за неаргументирани критики. Точно е дека е тешко и дека има по некоја грешка, но да не заборавиме дека ова се вонредни околности. А дежурните критизери на Владата и на денешните состојби во државата како Мицкоски можат многу да помогнат. Нека помогнат тие претходните да ги вратат барем половината од парите што исчезнаа. Нам сега ни се потребни 2,5 милијарди евра за да се справиме со моменталната ситуацијата. А каде се останатите средства изнесени од државата?!” – запраша гледачката.