Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија, гледачите со лавина реакции и коментари во однос на вчерашните ТВ интервјуа на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
- “Интервјуто на Христијан Мицкоски нешто ми наликува многу на минатото и тоа не ми направи ќеиф. Секој трет збор му беше “починатите”, малку невкусно. Тоа е виша сила, кој го посакувал тоа? А, заборави дека додека имавме починати, во Гевгелија имавме оро” – изјави гледачот.
- “Јас сум за избори во јуни и што побрзо конститутирање на Парламентот и избор на нова политичка влада бидејќи оваа е техничка и очигледно нецелосно функционална. И во вакви услови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се воздржаа и не се издигнаа над состојбата и наместо да се вклучат во борбата против пандемијата, тие и понатаму продолжија да се служат со лажни вести, опструкции и ширење на црни кампањи, дури и за време на полициски час. Во однос на интервјуата на двајцата лидери иста е работата како и со нивниот однос кон сè што е во интерес на државата. Мицкоски повторно бегаше од одговори, а Заев смирен како и секогаш одговори на сите прашања” – констатираше гледачка.
- “Прво, господинот Мицкоски пред 5 месеци бараше избори, избори, избори…Сега, не сaка да оди на избори. Па ова може да трае 4 години, тогаш нека си ги повлече пратениците и нека им ги укинат платите. Срамота! Па убаво му е нему, супер му е. Што народ ќе да сме, сакаме избори, па не сакаме избори!” – заклучи гледачот.