“Сте слушнале ли за турските изрази: исаф, усул и сурат? Сурат на турски е лице, лик. До кога ќе имаме сурати, како тој еден што е многу добар играорец и се фрла на колена, кој се јавува од неговото студио и си прави забави. Пред некоја вечер искача во црвена маица со сите знамиња, само нашето го нема. И тој проповеда сега…што да ви кажам. А, другиот па негов колега излегува и вика докторите биле со голи раце. Епа злато мое, докторите се со полна душа, со ведрина и со работно време како владата, 31 ден месечно, 24 часа” – коментар на гледач во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 ТВ.