Коментар на гледач во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија:

“Конечно се договорија за избори. Датумот е 15 јули, но не знам дали ќе има избори бидејќи јас мислам дека во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе многу патриоти кои можеби ќе му речат на Мицкоски ние работиме по нашиот патриотски Јулијански календар, а не по Грегоријанскиот.

Ова го велам зошто конечно паднаа маските, досега Мицкоски носеше маска, а сега падна. Слушам една негова изјава вчера дека во штабот на ВМРО-ДПМНЕ се водела голема битка со каков став да се излезе во врска со 15 јули како датум за избори. Колку што јас разбрав тие размислувале да одат дури до крај, до редовните избори во декември, со цел Македонија да пропадне скроз. Сега никаде не го спомна септември, а цело време го лажеше народот дека ќе гласаме во септември кога ќе нема ниту еден мртов и ниту еден заразен. Сега воопшто не спомна. Значи маската ја носеше и сега конечно падна” – изјави гледачот.