На тема “Нови бомби од опозицијата до Заев” во емисијата “Црвена Линија” на Телма ТВ, гледач го изнесе својот став дека Антонио Милошоски – објавувачот на новите бомби е човек без елементарно достоинство кој треба да се соочи со правниот систем во оваа држава.

“Бомбите ги дава Милошоски, човек кој нема елементарно достоинство. Пред десетина дена го видов кај ВМРО како проаѓа и сакав да му кажам дека за негова несреќа, а за наша среќа, 90% од народот чека тој да одговара, да видиме во оваа држава дека правниот систем функционира” – додаде гледачот.