Во денешното издание на контактната утринска емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија, гледачите со оценка за однесувањето на опозизијата во услови на криза:

“Оваа Влада не беше оставена да работи ниту еден ден, секој ден опозицијата бараше предвремени избори, ги закажаа, е сега да се одложеле за покасно. Не знам што ќе добијат? Мислам дека сето лошо во државава што се случува оди на контото на СДСМ, бидејќи ВМРО земаа некои клучни позиции во техничката Влада и со тоа сакаат да профитираат. Слушнав дека заменик-министерката за финансии не попишува договор за кредит, тие само прават кочници. А, не знам дали на господинот Мицкоски му пуштаат да слушне што кажал? Нему за народот му е жал колку за ланскиот снег. Тешко на овој народ со ваква опозиција!” – изјави гледачот.

Друг гледач со сличен став:

“Заев нуди 5 јули, па 8 јули, можеби би се согласил и со некој друг датум. Меѓутоа овдека не слушнавме што господинот Мицкоски нуди ако не сака избори ниту на 5, ниту на 8 јули, тогаш што сака? Нека каже на тој ден, со овие услови и толку. Вака губат сите граѓани во државава. Од друга страна оваа Влада е мешана, другата страна не сака да казнува, не сака да прифати одредени барања и затоа ми се чини дека нешто не е во ред. Треба договор во интерес на народот, а не во интерес на партиите” – додаде гледачот.