Коментар на гледачка во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија во однос на ставот на лидерот на опозицијата дека сега не е соодветно време за избори под изговор дека има опасност по здравјето на граѓаните:
“Сите обиди да се најде соодветен начин да се одржат изборите ми се чини ќе паднат во вода, зошто очигледно ВМРО и Мицкоски немаат намера да излегуваат на избори, не прифаќаат ништо, само предлага нешто ново, за потоа и во тоа да гледа опасност по здравјето на луѓето. Каква е оваа негова грижа за здравјето на граѓаните со која се расфрла постојано, а не осуди ниту една од манифестациите досега преку кои директно беше загрозувано здравјето на граѓаните и преку кои мислам дека и се успеа да се зголеми бројот на инфицираните само да не дојде до избори. Како на Мицкоски му е важен секој човечки живот и не сака да има избори заради опасноста по здравејто на луѓето, а одбива онлајн кампања. Нелогичен потег за еден млад универзитетски професор како што ни се претставува. Само со неговата вчерашна изјава дека цел живот се чувствувал како пропаднат спортист, сега тоа го следи и во политиката си кажа самиот сè! Ги губи изборите очигледно и затоа си игра со сите нас” – изјави гледачката.







































