Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на ТВ 24 граѓаните јасно го искажаа својот став дека не е време за калкулации и дека сите ние треба да покажеме солидарност и два месеца да издржиме со минимална плата од 14 500 денари, која дојде како предлог на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

“Браво за господинот Заев! Народната вели: “На мака се познаваат јунаците!”, а кај нас дојде: “На мака се познаваат алчниците!” Срам да им е! Прво на синдикатите. Во ваква неволја тие се јавуваат не можеле да преживеат. Тие не се навикнати на малце, тие се навикнати на раскош.” – истакна гледачот.

Друг гледач на иста линија додаде:

“Јас живеам од минимална плата и помала од таа веќе 20 години. Сега, функционерите од ДПМНЕ не можат 2 месеци да живеат со минимална плата. Нели треба да и се помогне на Македонија?! И ние имаме кредити со години. Ги молам надлежните да не го сфаќаат Мицкоски за озбилно, бидејќи Мицкоски требаше прв да излезе и да го предложи тоа. Тоа е срамота и за ДПМНЕ и за Мицкоски! Значи гладта е само за власт!” – додаде гледачот.

“Луѓе ова е пандемија, утре може да нè нема сите. Зошто не можеме да издржиме два месеца со личен доход од 14 500 денари? Прашајте ги тие што секој месец земаат минимална плата како го истеруваат месецот. Овие кои имаат многу повеќе, многу повеќе плачат, не можат да се откажат од удопствата.”

“На некои конечно им паднаа маските, на оние функционери и функционерчиња што излегуваат и викаат “во името на народот”, ама изгледа првин ги боли за нив и за нивниот лагоден живот.” – заклучи гледачот.