Гледач во емисијата “Здраво Македонијо”на Канал 5, со коментар за ставот на Мицкоски и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со добиеното светло за започнување пристапни преговори на нашата држава со ЕУ.

“Не можам да разберам зошто е толкавиот отпор за добивање зелено светло кога јасно се кажа уште при основањето на државата, во деведесетите години, дека ВМРО најмногу се залага за влез во ЕУ и во НАТО. И сега, каков е овој отпор, па ќе се распаѓала ЕУ, па баш од тие поддржувачи. Од Мицкоски и од оваа гарнитура слушаме: “Eте, пак нема ништо, готово e, ние кога ќе дојдеме на власт тогаш ќе влеземе во ЕУ”. Е како сега се противите на ЕУ господа поддржувачи, а кога ќе дојделе ВМРО на власт ќе не внеселе баш во таа унија која не ја сакате. Јас не можам да разберам зошто толкава омраза кон една групација на политичари кои за 2,5 години нè внесоа во НАТО и еве сега добивме зелено светло за ЕУ. Ама, пак сега сме немале датум! Ова веројатно е намерно, меѓутоа не можам да поверувам дека некој вака се противи!” – заклучи гледачот.