Коментари на гледачи во контактната утринска емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија во однос на изјавата на лидерот на СДСМ дека изборите веќе не се тема, односно дека е веќе извесно дека изборите ќе се одржат на 5 јули.

  • “Ако сакаме државата да функционира треба да се одржат избори во разумниот рок кој е предложен, а партиите треба што поскоро дa постигнат согласност” – изјави гледач.
  • “Избори мора да има на 5 јули, како ќе растат температурите, така ќе олабави и вирусот. Оваа техничка влада не може да функционира како што треба и затоа изборите мора да се одржат што поскоро” – истакна гледач.
  • “Час поскоро ни требаат избори, ако продолжи датумот да се одложува тоа ќе оди до недоглед. Изборите се најпотребни за нас обичните граѓани, да има парламент и влада. Нас граѓаните не нè интересира кога им одговарало на партиите” – додаде друг гледач.
  • “Избори мора да има, Европа тоа го бара, а најмногу е битно за нас. Избори мора да има и ги замолувам сите партии да се обединат. Колку повеќе некои се противат, толку повеќе луѓето ги фаќа нервоза и паника. Не може само да се оди контра” – заклучи гледач.