Гледачи во “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија денеска со коментар за критиките на опозицијата за предложените мерки на владата:
“Предложените мерки се добри за вакви услови кога владее чума низ светот. Мицкоски рече дека за време на пандемијата нема да излегуваат и да критикуваат. Штом толку сакаат да помогнат на државата нека ја продадат “Белата палата” и становите низ цела Македонија, нека се откажат од партиските пари и нека ги вложат за подобрување на некои стопански организации, нека речат еве ги враќаме работниците на работа и така помагаме на државата. А, не да шират недоразбирања, омраза меѓу луѓето со нивните прес-конференции.” – истакна гледачот.
Друг гледач на иста линија додаде:
“Мицкоски многу работел?! Па што работи кога секојдневно гледаме само опструкции. Ако е хуман човек, нека се откаже од парите планирани за изборите. Тој секој ден е по медиумите ама кога ќе го прашаат дали ќе се откаже од нешто тогаш нема одговор!” – додаде гледачот.







































