Коментари на гледачи во утринската контактна емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија на тема дали треба да се одржат избори на почетокот на јули доколку не дојде до ново продолжување на вонредната состојба.

  • “Избори треба да има. Како ќе бидеме без избори, па ништо нема да функционира? Еве гледаме соседите ги отворија границите. Јас ја разбирам ситуацијата со короната, никој не е поштеден од короната, мора да има Влада, не може да бидеме без Влада.”
  • “Ако ние не можеме да одлучиме или ако се плашиме, решението е да се заштитиме и да одиме. Исто ќе биде како да одиме во маркет. Од што се плашиме, од самиот народ, па ќе носиме сите маски?! Ќе чекаме на врата, ќе излезе еден ќе влезе друг. Но, тука има нешто друго. Проблемот е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на избори, а не дека им е жал за народот. Поздрав до Мицкоски и нека излезе на избори и нека не дискутира многу дека изборите се штетни за народот.”
  • “Ако се сака татковината, а треба да се сака, тогаш крајно време е да се започне со подготовките за парламентарните избори кои треба да се одржат на почетокот или најдоцна до средината на јули. Имам 72 години и сум во ризична група на граѓани и дали заради мене и мојот ризик државата треба да остане без Парламент и регуларни и ефикасни институции. Пред да одам на гласање добро ќе се заштитам и ќе го почитувам протоколот на однесување за 2 метра растојание од претходниот гласач. Тоа е граѓанска должност, а парламентарните избори се итна неминовност без разлика на отпорот кој го пружа опозицијата.”
  • “Ја поздравувам одлуката за изборите, изборите мора да се одржат. Овие што нон-стоп ни мафтаат со пропаганди дека болеста ќе се развие уште повеќе, тоа не е точно. Изборите се исто како и секој ден, како да излегуваш на прошетка или до продавница. Ќе си појдеме на избирачко место, ќе си почекаме малце, ќе носиме маски, ќе гласаме и заминуваме. Така не се добива болеста. Болеста се добива на сосема друг начин, во гужви. Овде нема апсолутно никаква опасност дека болеста ќе се прошири ако се одело на избори. Тоа е пропаганда. Такви пропаганди имало секогаш и не треба да наседнуваме. Сите треба да се јавиме на избирачко место и да го дадеме својот глас.”
  • “Како ќе живееме вака луѓе? Ни Влада имаме, ниту Парламент имаме? Кој ќе ги решава проблемите на граѓаните? Мора да се излезе на гласање. Ова прашање мора да се реши, бидејќи короната никој не може да ја сопре и таа ќе се постои и понатака.”