Коментар на гледач во контактната утринска емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија на тема дали постои можност лидерите да се договорат околу датум за избори пред истекот на вонредната состојба.

“Ја поздравувам одлуката за избори затоа што ние знаеме, а треба да бидат свесни и сите граѓани дека Македонија во овој момент може да влезе во тешка криза затоа што нема да функционира ништо. Сите знаеме дека имаме техничка влада и дека Собранието е распуштено, мандатот и завршува и Македонија ќе остане без раководство во овие тешки времиња кога владее еден вирус кој навистина прави штета на граѓаните. Затоа сметам дека сите треба да бидеме совесни и никој не треба да блокира избори. Избори мора да има, сега не е време за други изговори. Опозицијата упорно тврди да нема избори и мисли со тоа ќе покаже некаква хуманост, а сè оди на штета на граѓаните. Воопшто, ни малку не се залагаат за државата и за доброто на сите граѓани на државата. Оваа влада е техничка, каква е таква е, знаеме како функционираше со опструкции од страна на опозицијата. Мора сите заеднички да седнат да се договорат за да не влеземе во тешка криза” – изјави гледачот.