Гледач во “Црвена линија” на Телма ТВ со коментар за манипулациите и  шпекулативните информации кои се пласираат во јавноста, а се однесуваат на економските мерки кои вчера беа објавени од страна на Владата:

“Човек да се чуди колку македонскиот народ е неинформиран. Морам да ги прашам луѓево дали го следеа вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски и дали не сфатија дека ниту еден функционер не е поштеден од мерките. Катастрофално е што неинформирани луѓе во овој лош момент за државата шират негативности. И малце да ни пуштат рака ние сакаме сè. Ни се дава шанса и тие пари што сме ги планирале за кредити да ги задржиме во семејниот буџет затоа што не знаеме како ќе заврши и до кога ќе трае оваа криза, ама ние сега и во тоа наоѓаме проблем.” – додаде гледачот.