“Не ми се допаѓа тоа што опозицијата заборава дека сега е во техничката Влада. Зошто Мицкоски толку многу ја критикува Владата кога и тие се внатре во Владата?” – беше коментар на гледач на секојдневните критики од страна на лидерот на опозицијата во однос на справувањето со кризата предизвикана од светската пандемија со коронавирусот.

Гледачите денеска не пропуштија да го изразат и своето задоволство за денешната пресуда за случајот “Транспортер” донесена од страна на Кривичниот суд со која поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, доби затворска казна во времетраење од 8 години:

“Поздрав до судот за денешната пресуда. Така треба! Не се само тие, има и други. Години не можевме да го дадеме гласот за луѓе што треба да нè водат по патот којшто го посакувавме. Затоа ја поздравувам оваа пресуда и понатака да се продолжи со другите коишто исто така со години се вмешани во овие процеси на фалсификување на изборите.” – истакна гледачот.