Коментар на гледач во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија во врска со неуспешната лидерска средба за утврдување датум за избори:

“Избори мора да има. Кажете ми вие едно решение од оваа техничка влада или од претходната политичка влада, кое Мицкоски го прифати. Само едно решение. Нема ништо прифатено. Тој е тргнат само налево и од кај знае тој дека во септември ќе  заврши кризата со Ковид-19. Кој му кажа? Сега се намалува и уште ќе се намали до 21 јуни. Зошто да нема избори? На Мицкоски изгледа му е страв да не добие случајно на избори, па после да се мачи со економијата. Нека гарантира дека во септември нема да има болест, ќе одиме сите тогаш на избори” – изјави гледачот.