Во емисијата “Црвена линија” емитувана на Телма ТВ, гледачите ги изнесоа своите ставови на темата: “Кои ќе бидат носителите на кандидатските листи?”:

”Во врска со кандидатските листи, па не може сè едни исти да бидат. На пример, ВМРО цело време зборува за оној Влатко Ѓорчев. Од него преку глава ни е дојдено. Тој прави раздор во цела Македонија. Не знам оној Мицкоски зошто го става тој човек. Дали може друго нешто тој човек да работи освен да биде пратеник. Цело време него го даваат, ВМРО од тоа ќе изгуби, од него, од Илија Димовски, сè едни исти ги ставаат. “– констатира гледачот.

Друг  гледач со сличен став за непрочистените кадри во ВМРО-ДПМНЕ додава:

“СДСМ секако ќе извојува победа, а за тоа има неколку причини: првата е тоа што Македонија конечно ќе стане членка на НАТО и ќе почне преговори со Европската унија, другата причина за победа се покачените плати и пензии за кои ВМРО-ДПМНЕ не гласаше во Собрание и третата најважна е дезориентацијата на ДПМНЕ. Едно пред народот, друго пред партија, трето пред меѓународниот фактор. Разликата ќе биде огромна затоа што ДПМНЕ сè уште не е исчистена од сенката на претходниот режим, од претходниот диктатор, значи истите луѓе уште се присутни.” – заклучи гледачот.