Во емисијата “Очи во очи” со Огнен Јаневски емитувана на ТВ 24, каде граѓаните беа запрашани за мислење на темата: “Пријателите на проширувањето на ЕУ во засилена дипломатија за Македонија – што нè очекува?” гледач коментира:

“Ако ја слушавте изјавата денеска на Мицкоски ќе заклучите дека ние имаме домашни непријатели. Мицкоски вели Македонија треба да добие датум за преговори ама мини-извештајот не бил вистинит, бил лажен, не било вистина она што го пишува во извештајот за Македонија. Кога ќе дојделе тие на власт ќе не внеселе на брза трака во ЕУ. Е како тоа! Не можам да разберам сега! Извештајот не вреди, а се залага да нè внесе во ЕУ. Значи, надворешни пријатели што се залагаат за нас секако имаме, ама и домашни непријатели си имаме!” – истакна гледачот.