Ви ја пренесуваме во целост реакцијата која пристигна до нашата редакција од доброупатени граѓани, жители на Пробиштип, а која се однесува на неуспешинот проект за водоснабдување од ХС Злетовица на претходната власт со кој до 2013 година требало со чиста вода за пиење да бидат обезбедени 200.000 жители од овој регион, но бидејќи на власта на ВМРО-ДПМНЕ за време на нивото владеење приоритет им биле концесиите за изградба на малите хидроцентрали, тоа не се случило. Писмото е испратено во пресрет на денешната посета на Пробиштип на носителот на ИЕ 3 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

“Граѓаните на Пробиштип и околните општини се сведоци дека за 11 години континуирана власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа целосно да ја доврши првата фаза за водоснабдување од ХС Злетовица и наместо до 2013 година со чиста вода за пиење да бидат обезбедени 200.000 жители од овој регион, поради коруптивните и бизнис зделки на тогашната власт вода добија само две општини, Пробиштип и Свети Николе, а со помош на Владата на СДСМ за многу краток период на добар пат се и Штип, Карбинци и Лозово да го решат овој горлив проблем.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа дека до крајот на 2015 година ќе ги завршат и втора и трета фаза од овој повеќенаменски систем за наводнување на 3.500 ха и производство од 48 kWh електрична енергија годишно, но не успеаја ниту да изготват солиден проект.

Жителите на овој регион во тој период беа неми сведоци за тоа дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше повеќе заинтересирана како да се дограби до концесиите за изградба на малите хидроцентрали на притоките на Злетовска река поради што ХС Злетовица беше фрлен на маргините.

Од тие причини пробиштипската јавност нестрпливо очекува при денешната посета на носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 Игор Јанушев да добијат силни ветувања за изградба на нови рудници во Пробиштип и притоа да им се обрати од пред овој објект – мала Хидроцентрала на Ештеречка река и да каже кој е вистинскиот газда, а пресот да го заврши со старата народна… ,,Даскале, каде текло… пак ќе тече“” – завршува писмото на граѓаните.