Коментари на гледачи во контактната емисија “Црвена линија” на телевизија Телма во врска со одбележувањето на двегодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

  • “Со потпишувањето на Преспанскиот договор никој не ни ја одзеде ниту културата, ниту писмото. Сè е исто како беше. Ние само направивме една замена на рефернецата ПЈРМ со Република Северна Македонија и овој ден нас ни донесе големи резултати, влеговме во НАТО, еве сега ќе започнат и преговорите со ЕУ, тука ние имаме само придобивки” – изјави гледачот.
  • “Во случај да имав бугарски пасош и да ми беа децата надвор ќе викав дека Преспанскиот договор е штетен. Но, кога немам бугарски пасош, а се трудам да ги задржам децата тука, мислам дека сепак овој договор беше една неминовност за која сите бевме свесни. Сите знаевме дека ќе дојдеме до тој ден, бадијала сега некои глумат патриоти и се маваат во грради. Сите знаевме дека ќе дојде до овој договор” – истакна гледачот.
  • “Преспанскиот договор треба да се запише со златни букви во македонската историја затоа што со овој договор сите дознаа за Македонија, никој мене не дошол дома да ми рече дека од денес не сум Македонка и нема да зборувам македонски. Ама вака да се напаѓа, па подобро ли беше да се викаме ПЈРМ?!” – запраша гледачката.
  • “Преспанскиот договор е успех на нашата дипломатија после повеќе години и во тој момент тоа беше единствен начин да се реши нашиот меѓународен статус затоа што подобро е Северна Македонија отколку ФИРОМ. ФИРОМ беше измислена именка и ние не сме Фиромци, туку Македонци од Северна Македонија затоа што нашиот македонски јазик е признат јазик, идентитетот не ни е загрозен, а македонскиот јазик се збориува и во ООН” – додаде гледачот.