“Кривата на пандемијата полека се смирува како во други земји, така и кај нас и полека ќе започнеме да влегуваме во некој нормален ритам на живеење. Неизбежно е партиите да се усогласат околу датум за избори бидејќи тоа го бара и самата ситуација. Дали ќе биде 14 јуни или почеток на јули првенствено зависи од препораката на Комисијата за заразни болести. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ тактизира со датумот за избори правдајќи се дека за нив е важно само здравјето на граѓаните. Како само тие да мислат на здравјето на граѓаните и никој друг?! Тоа е затоа што се несигурни самите во себе и во своите гласачи. Никој не знае што доаѓа на есен, избори мора да има!” – коментар на гледач во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија.