Коментар на гледач во контактната емисија “Очи в очи” на 24 телевизија, во однос на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека кога и да се одржат изборите, истите ќе мора да бидат спроведени според строг здравствен протокол:

“Во последниве месец ипол потполно доверба имам во министерот Филипче во однос на тоа како ја водеше целата постапка, па така и сега потполно се согласувам со неговата изјава, а и повеќето граѓани мислат како мене. Ако оваа болест се повлече набргу, а веќе оди кон тоа што се гледа од кривата и намалувањето на бројот на новозаразените, со преземање на соодветни строги мерки треба што побргу да одиме на избори. Мора што побрзо да се распишат избори, на пример кон крајот на јуни или почетокот на јули, со цел што побргу да имаме ново Собрание и Влада и новата Влада веднаш да започне да ги решава економските проблеми. Немаме време за други работи, знаеме каква штета направи вирусот во економијата така што мораме да се соочиме и здраво да се фатиме за работа. СДСМ е конкретен, ако се создадат услови да се оди веднаш на избори. Ама гледаме дека ВМРО се повлекуваат, не знам дали им е страв дека ќе изгубат или не се спремни за избори” – додаде гледачот.