Коментари на гледачи во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија на тема СДСМ инсистира изборите да се одржат на 5 јули, за ВМРО тоа не е приоритет.

  • “Сè додека имаме партија која прави дволични работи ние не можеме ништо да направиме во државата. Додека не беа донесени мерките, некој бараше да се ослободат мерките за да граѓаните подобро живееле. Сега одеднаш доаѓаме во ситуација нешто да барате, па после да викате нас само не интересира животот на граѓаните. Кога ВМРО-ДПМНЕ повеќе го итересира здравјето на граѓаните? Не сакаат да го продолжат мандатот на нивните пратеници за повторно состанување на Собранието, ама сакаат политички консензус за изборите. Зошто не бараа да се постигне политички консензус и за продолжување на работата на Собранието? До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе води дволична политика во државата?” – запраша гледачот.
  • “Избори треба и мора да има и добро е што ја имаме новата вонредна состојба која е битна затоа што ни дава доволно простор за справување со здравствената состојба доколку ја сфаќаме опасноста и ги почитуваме мерките. Има доволно време до терминот 5 јули. Изборите се вистинско решение за сите наши проблеми кои ги прават кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Крајно време е да го оставиме народот сам да одлучува за своето здравје и својата држава. Ако сите можеме да одиме по верски обреди, кафеани, пазари и тоа без опрема, тогаш со опрема можеме да одиме на избори и верувајте ќе бидеме побезбедни од сите овие други места каде одиме секој ден” – изјави гледачката.
  • “Зошто се потребни избори на 5 јули? Па, го гледаме однесувањето на некои членови во техничката влада. Опозицијата, преку министерот за внатрешни работи, по секоја цена и преку изјавите дека нема да казнува, туку само ќе опоменува и со непреземање акции сака да предизвика политичка криза и да ги одложи изборите. Чекаат втора шанса за да добијат некој глас повеќе, односно чекаат економска криза да ја погоди државата. И двете опции се штетни за граѓаните. Народот мора да избере влада на 5 јули. Тоа е единствена опција. Немаме Собрание, а цело време сме во вонредна состојба, тоа веќе не е држава” – истакна гледачот.
  • “Изборите мора да се одржат бидејќи ако не се одржат изборите самите ќе се доведеме во ситуација да страдаме за леб” – додаде гледачката.