Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 ТВ гледач со коментар:

“Што покажавме со оваа епидемија? Покажавме дека сме себични, егоистични, дека сме подмукли, расипани во сржта на душата. Едно збориме, друго правиме. Не сме солидарни. Има луѓе кои не сакаат да слушнат за мерки, сакаат цела плата. Како може Заев да ви е крив, или Филипче да ви е крив сега за оваа ситуација?! А дали некој се запрашал зошто другите ги оставиле резервите празни. Сега само прашуваме зошто нема ова, зошто нема она? Сега на Филипче му бараме машини за дишење, маски и ракавици. А зошто нема во резервите? Затоа што имаме врби во Вардар, стиропор фасади, тркало од 20 милиона, кинески автобуси. И сега се прашувам со какви луѓе во државата живеам, се прашувам со кого живеам?! А што да кажам за тој минатиот што владееше 12 години?!” – запраша гледачот.

Друга гледачка во продолжение додаде:

“Луѓе пуштете телевизија, прошетајте по каналите. По 1500 – 2000 луѓе умираат секој ден во светот. Најголемите светски велесили не можат да се справат, а ние го обвинуваме Венко Филипче. Па како очекувате од овие луѓе да бидат хумани?!” – додаде гледачката.