Коментар на гледач во контактната емисија “Во тек” на 24 ТВ:

“Мерките што се донесени се на место. Тоа е заштита на сите граѓани, со нив се мисли на сите, особено на пензионерите над 65 години, ама и на тинејџерите. Секоја му чест на министерот Филипче за неговата храброст, херојство и неговата упорност. Јас мислам дека ние сме херои во Европа, ние први ги донесовме мерките, ние од тие мерки сега имаме резултати кои не носат во позитивна насока. Тоа е факт! Наместо да се сплотат докторите за да излеземе од оваа криза, некои од докторите само се препукуваат: вака требало, така требало! Од оваа криза ќе излеземе само со заедничка сплотеност и координација” – заклучи гледачот.