Коментар на гледач во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија во врска со предупредувањата на лидерот на опозицијата дека министерот за здравство Филипче би можел да стане слуга на желбите на Зоран Заев и Радмила Шекеринска:
“Не да сум разочаран, туку душа ме боли за младите генерации. Ова ништо не е случајно. Се сеќавате на поповите и црните мантии во Велес и Кавадарци што приредија? Се направи лајт-шоу со полициски возила пред некоја вечер? Срамота! Да се кажува дека тоа чинело само 300 евра. Па добро бе, што народ сме ние па тоа да го изјавуваш? Имаше играорци што се фрлаа на колена како нивниот лидер. На сето ова капак се става со вчерашниот случај. Кај ни е свеста? Вчера шпицниот играч за министерот Филипче вели дека би можел да стане слуга. Човеку, прво, тој е господин за тебе, второ, тој е доктор во бел мантил, тој е и твој слуга и слуга на сите граѓани во нашата држава. Сето ова потсетува на диктаторска практика и ќе не доведе пак во немир” – додаде гледачот.