Гледачка на емисијата “Очи во очи” емитувана на ТВ 24, на прашањето дали бомбите објавени од Антонио Милошоски имаат тежина со проценка дека сè што не е поткрепено со вештачење од валидна институција не може да се смета за веродостојно.
“Мене не ми се многу убедливи заради тоа што разликата помеѓу бомбите кои што ги објави господин Заев и овие бомби е следна: бомбите што ги објави господинот Заев беа вештачени во германска лабораторија каде што потврдуваат дека гласовите се 99% автентичи и врз основа на тоа се формираше СЈО, а од прислушуваните разговори се доаѓаше до материјалите за да излезе на површина криминалот на ВМРО. Овие бомби на Милошоски многу штуро ми изгледаат, а сè што не е дадено на вештачење не може да биде валидно. Ќе видиме, времето ќе покаже.” – посочи гледачката.