Во утринската контактна емисија “Здраво Македонијо” емитувана на Канал 5 телевизија, гледач со коментар на критиките на опозицијата и поранешниот министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, во однос на вториот сет економски мерки предложени од техничката влада со цел надминување на економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

“Се знае кој е власт, кој треба да води и да го има главниот збор. Го слушам вчера Трајко Славески критикува сè што е предложено од власта под изговор дека мерките се непрецизни, конфузни и несфатливи. Сите граѓани ги сфатија мерките освен еден професор како Трајко Славески. И сакам да му посочам за прецизноста нивна кога беа тие на власт и кога се служеа само со тефтерчиња и тие тефтерчиња беа и устав и закон и сè. Прв пример рекоа ќе градат Скопје 2014 со 80 милиони евра, на крајот испадна којзнае колку пати повеќе од тоа. Потоа, рекоа ќе градат зграда која ќе чини 150 000 евра на крајот таа зграда испадна 15 милиони евра. Рекоа дека Груевски е чесен и нема да бега, на крај го изнесоа во Бидумпешта.” – заклучи гледачот.