Коментари на гледачи во “Во тек” на 24 телевизија во врска со почетокот на кампањата и првичните активности кои го одбележаа овој почеток.

“Што се замислува тој Христијан Мицкоски, демек еве тој сега сите ќе нè исправи?! Па, тие нè напикаа во земја, па сега ќе не исправаат?! Срамота! Наместо веднаш, под итно, да го повлечат спотот, тие уште продолжуваат со истиот спот?! Има очигледно мерак за глумец и главна улога во спот, ама и главна улога за премиер” – изјави гледачот.

“Имам дома дете инвалид. Срамно е ова што се случува.Треба да се покрене пријава за ВМРО-ДПМНЕ, никој не смее да си игра со инвалидите. Тоа е брука од спот и мора да се најде некој да го тргне. Зошто ни се повторно ВМРО на власт, да доредат уште некој споменик во Скопје, да фрлат уште некој денар за палми и тоа отиде во буниште, посадија жални врби во Вардар и тоа отиде во буниште, плажи до Вардар отидоа во буниште. Тоа се флрени пари, огромни суми фрлени во ѓубре. И сега ќе ме убедуваат дека мислеле на Македонија. СДСМ ќе дојде пак на власт затоа што мислат на секое ќоше од Македонија, затоа што живееме мирен и скромен живот, а нас само тоа ни треба” – истакна гледачката.

“Тој спот е толку вулгарен, деца со посебни потреби и инвалиди има насекаде меѓу нас. Тој спот навредува една популација која се бори со условите за живот околу себе, а тие на сето тоа да пуштат таков спот кој пара душа. Самите медиуми треба да побараат да не се емитува тој спот” – додаде гледачот.