Еве каков коментар даде гледач во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија во врска со изјавата на лидерот на најголемата опозицика партија, Мицкоски, дека на листите на ВМРО-ДПМНЕ се понудени кандидати и носители на листи кои се натпартиски:

“Во врска со пратеничките листи, да се запрашаме дали Дурловски може да биде независен пратеник? Тој човек не може да биде ниту независен, ниту натпартиски. Дурлоски учествуваше во самите настани кога се влегуваше во Собранието на 27 април и кога јасно ја потенцираше неговата определба. Можеби не е член на ВМРО, ама не е независен и натпартиски.” – констатираше гледачот.