Коментари на гледачи во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија:

  • “ Ја гледав синоќешната дебата помеѓу Зеќири и Јанушев и се крстев. Ако ни дојде онаков некој лидер или министер како тој Јанушев утре, со она негово тешко однесување како од улица, тешко нас ќе биде. Сега ние како граѓани нели сакаме здрав, реален, чесен, умен човек, а јас во него не гледам ништо од ова. И ако така се однесува и на средбите ништо од нас нема да биде” – изјави гледачот.
  • “Вчера го гледав генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на телевизија. Па, тој е истиот господин којшто одметнатите пратеници од ДПМНЕ ги нарече митаџии. Каде е допрен глас за тоа ви се молам, па тој е правник, тој пред кого се заколнал дека ќе ја кажува правдата?! Тој е истиот којшто покојните од вирусот ги нарече трупови и не ги жалеше докторите, а тие исти доктори направија трансплантација на срце и на други органи. Па, нека му служи на чест. Не се контролираат какви изјави даваат. Ова е крајно загрижувачки. И ќе ви кажам ништо од ова што ни се случува денес не оди на добро, ние ќе се доведеме во хаотична ситуација, ништо од ова не е случајно, почнувајќи од Струга, па до ден денешен” – додаде гледачот.