Коментари на гледачи околу можниот датум за одржување на избори во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија:

“Мицкоски како опозиционер треба да се реши на чекор зошто е потребна јака опозиција, тој е тој кој треба да ги лови позиционерите, меѓутоа кај Мицкоски има едно лажно однесување спрема сите. Се кажува голем папа, го жали народот, а во друга конотација тој спори сè, па и денешниот состанок кај Претседателот” – изјави гледачот.

Друг гледач во продолжение додаде:

“Што збореше Мицкоски претходно, а сега што збори, прави забуна кај граѓаните. Тој е опозиционер кој треба во дадени ситуации спрема државата да се постави државничкки, а не лажливо. Само критикуваат, а не сакаат избори. Како тоа не сакаат Парламент, не сакаат избори, а озбилна партија викаат. Не можам да сфатам, тоа е несериозна партија. Секоја партија се бори за народот, овие се борат лично за себе” – додаде гледачот.