Коментар на гледач во контактната утринска емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија во однос на однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ставовите кои ги застапува.

“Член сум на ВМРО од 2008 година, но ВМРО сосема скршна во погрешна насока. На два пати во текот на 11 години влегуваа во парламент да тепаат пратеници, дали тоа беше борба за здрајето на граѓаните. Мислам дека сосема скршнаа од тој пат што го имаа на почетокот. Па Мицкоски ниту еднаш не слушнав што планира да прави со државата, туку само се заканува. Жал ми е што морам да кажам, меѓутоа не може тој човек да ја води таа партија. ВМРО е партија која треба да се реформира, а со таа гарнитура која два пати влегуваше во парламент да тепа пратеници нема иднина. Кој ќе гласа за нив?! ВМРО ако сака да стане водечка партија мора прво да се прочисти, да се реформира, ама без Мицкоски”- истакна гледачот.