“Очигледно ќе продолжат надмудрувањата и натегањата околу датумот за одржување на изборите и ако има искрена грижа за здравјето на граѓаните секако дека треба да се почекаат анализите на здравствените експерти, како и одговорот на меѓународните мисии за обемот на вклученост во изборниот процес. Но, да и се дава право на ДИК да одлучува за датумот, а ја нема таа надлежност, е тоа е политички маневар на ВМРО-ДПМНЕ преку својот политички претставник кој е претседател на оваа комисија да влијае за што поголемо одолговлекување на изборите. Ама јас искрено се плашам дека под плаштот на грижата за здравјето на граѓаните се продолжува да се стимулираат незадоволства кај различно мотивирани групи за некакви протести и други манифестации со крајна цел создавање на проблеми во функционирањето на државата што во овие моменти ни е најмалку потребно. Не сакам да верувам, а жално е, дека изгледа дека навистина најголем дострел на практицирање на власта на ВМРО-ДПМНЕ е техничката функција на Чулев преку кого во нивен стил сакаат да продолжат да ловат во матно, свесни дека вакви какви што се не можат да се вратат на власт” коментар на гледачка во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија во врска со можноста за одржување брзи избори.