Дел од коментарите на гледачите во контактната емисија “Црвена линија” на Телма телевизија на тема кога е посоодветно време за одржување избори, јуни или септември:

  • “Избори само во јуни, не само затоа што така треба, туку затоа што тој термин единствено остана. Имаше можности за договор и јас искрено се надевав дека ќе преовлада разумот и дека ќе падне договор за продолжување на изборните активности на веќе започнатите и прекинатите избори. Кога веќе нема ниту простор, ниту време, ниту законски можности за распишување на нови избори, сега мора да се продолжи таму каде беше застанато. Мицкоски вели договорот бил да има датум со консензус. А јас пак го прашувам дали тој сите одложувања и сите неприфаќања на сè што беше предложено ги правеше намерно за да нема консензус и за да не оди на избори, очигледно затоа бидејќи резултатот однапред го знае и затоа цело време работи да не дојде до избори.”
  • “Избори теба да се одржат во јуни заради тоа што е време да дојде нова влада, а не државата да ја води техничка влада. На пример, Чулев не заслужува да биде во техничка влада. ВМРО не сака да оди на избори бидејќи знаат дека им треба време до септември за да врбуваат гласачи. Добро паметиме како организираа избори со години.”
  • “ВМРО беше за предвремени избори, власта им дозволи да има предвремени избори. Сега зошто се повлекуваат, што сакаат? Тогаш одеа на предвремени избори затоа што државата не беше влезена во НАТО, немавме добиено најава за датум за преговори со ЕУ и играа на таа карта. Сега играат на карта вирус. Во цел свет врвни стручњаци велат дека вирусот може да остане засекогаш и воопшто да не се искорени, ние до кога ќе бидеме без Влада, без Парламент? Или чекаат да се задолжиме уште, па да велат ништо не направивте со економијата, еве сега ние ќе дојдеме да средиме.”