Во денешното издание на емисијата “Очи в очи” на 24 ТВ, во врска со иницијативата на СДСМ за повторно свикување на парламентот, како и противењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, гледачка со следниот коментар:

“Дали Трајко Вељаноски беше голем Македонец којшто два пати го свикуваше распуштеното собрание во 2016 година? Дали тогаш имаше вирус од кој што умираат луѓе или Никола Груевски и на ВМРО им одговараше така? Некои изгледа треба да го вратат малку филмот и да знаат дека пред 4 години се распушташе и се собираше собранието, ама тогаш никој ништо не кажа. Ама тогаш му одговараше на Груевски да продолжи да владее. Каде е сега да и помогне на Македонија?!”