Гледачи во контактната емисија “Во тек” на 24 ТВ, со свои коментари за денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и постојаните критики на опозицијата:

“Го пратев целиот говор што го одржа Христијан Мицкоски, тој колку што знам јас не е економист. Кажуваше некои цифри и бројки како СДСМ и Заев трошеле пари во 2017, 2018 и 2019 година. Како само Заев и СДСМ да се бивша Влада. Тука е и ДУИ, а никогаш не ги спомнале. Само Заев им е во очите на овие од ВМРО-ДПМНЕ. Кажуваше колку потрошиле по години, потрошиле ама работеле. Работеле, затоа трошеле. А, не како нивниот премиер бегалецот кој избега во Будимпешта. Овие потрошени пари се за капитални објекти коишто се направени, а не само да се излезе на прес-конференција колку да се каже нешто и мисли народот ќе му поверува. Тие ќе добијат власт може после 50 години, овие сега го гнасат името на вистинското ВМРО. А, допрва ќе дознаеме сè за Игор Јанушев, само тешко на тие што се врзани околу него, ситните риби. Сè ќе се дознае” – истакна гледачот.

Друг гледач пак со следниот коментар:

“Не ми криво да се јави некоја партија што не била на власт, ама да бидеш 12-13 години на власт и сега да кажеш “Држете го лоповот!”, е тоа ме нервира. Немој бре Мицковцки ти да кажуваш, немој. Ако некој искористил од оваа држава, ДПМНЕ има најмногу искористено” – заклучи гледачот.