Коментар на гледач во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија во врска со иницијативата за повторно свикување на собранието:

“Прво да им кажам на сите кои немаат доволно познавање. Собранието е распуштено, меѓутоа пратениците и ден денес земаат плата. Да не беше кризата, ќе требаше да има избори, тие избори ги бараше опозицијата, се направи техничка влада и таа влада функционира сè уште. Сепак, пратениците и сега земаат плати и треба да се повикаат. Гледаме дека државата падна 40% на економски план и тоа мора да се обнови. Претседателот не може сам да носи одлуки. ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се навикнати вечно да шетаат, а да земаат пари, тоа веќе заврши, тоа треба да им биде јасно. Затоа се избрани како пратеници.

Ги поздравувам сите спортисти и функционери кои имаат големи плати како господинот Зоран Заев кој донираше илјадници евра во медицината и кој на сите бедни и сиромашни им достави храна, нека повели господинот Мицкоски, па нека постапи и тој така. Нека дадат сите!” – додаде гледачот.