Гледачи во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија на темата “Кој ќе успее да формира Влада?” коментира:

“Заев ќе формира Влада и тоа со над 65 пратеници.  Да не се залажуваат луѓето бидејќи Заев направи доста за државата, за работниците. Тој досега, во рок од две ипол години, навистина направи бум и мислам дека никој не смее да го погази тоа и народот треба да излезе да гласа и да го остави човекот да работи уште како што треба , да бидат сите задоволни и да ги врати младите назад од странство.”

Друг гледач се надоврзува и додава:

“По мое мислење Влада ќе формира господинот Зоран Заев затоа што ВМРО-ДПМНЕ не треба да се надеваат дека ќе добијат гласови од Албанците. Албанците сè уште не ги заборавиле нивните зборови од претходно, наводната Тиранска платфрома, па Законот за јазиците и тоа уште нив уште ги боли. По мое мислење Заев ќе формира Влада. Тоа се виде и на претседателските избори.” –  додаде гледачот.