Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на ТВ 24, гледач ги коментира ставовите на лидерите на двете најголеми партии, Заев и Мицкоски, во врска со нивните искажани стаови за (не)прогласување воена или кризна состојба:
“Вчера ги слушав Мицкоски и Заев после лидерската средба кај претседателот. Колку е лесно да манипулираш со неуки луѓе, со аналфабети. Ама Заев веќе го прочита Мицкоски колку пари вреди. Па, Заев не е против да се воведе вонредна состојба, тој рече дека треба да се воведе вонредна состојба, ама Мицкоски бара кризна состојба. На вмровците ако им речеш ова бело е, тие ќе ти речат не црно е!” – констатираше гледачот.







































