Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП), за потребите на Град Скопје, донираше два дрона од кои еден со надградба и една термална камера.

Донираната опрема, која е во вредност од 1.619.345,00 денари, ќе биде користена за реализација на предвидените активности кои се опфатени во Проектот за урбана отпорност на Град Скопје, како и во рамки на работните обврски на Секторот за инспекторат.