Министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук информира дека мобилната болница ќе биде функционална идната недела.
– Ги зголемуваме капацитетите на Инфективната клиника за згрижување на пациентите заболени од КОВИД-19. Голема благодарност до сите што учествуваа во подигнување на мобилната болница која има капацитет до 130 кревети. Работата ја завршивме во рекордно време, а болницата ќе биде функционална од текот на следата недела.