Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на својот Фејсбук профил објави информација дека денеска заедно со Перо Антиќ, го пуштија во употреба реконструираното кошаркарско игралиште на булеварот „Свети Климент Охридски“, спроти бензинската станица на „Макпетрол“.
“🏀 На булеварот „Свети Климент Охридски“, спроти бензинската станица на „Макпетрол“, заедно со Перо Антиќ и дел од кошаркарите од првиот тим на КК Работнички, го пуштивме во употреба реконструираното кошаркарско игралиште.
⛹️♂️ Поставивме акрилна подлога, нов кош по ФИБА стандарди и нова ограда, како и нови клупи и канти за отпадоци. При изведбата на игралиштето користевме современи и квалитетни материјали кои се употребуваат при изградба на спортски игралишта низ целиот свет.
✔ Остануваме посветени, со реконструкција на игралиштата на улиците „Партение Зографски“, „Караорман“; во населбите Маџир Маало и Кале и на други локации во општината” – напиша Богдановиќ.












































