Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на сметките на 152 субјекти исплати близу 149 милион денари за субвенции за одгледани и заклани гоеници.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека станува збор за исплата на мерката 2.13 директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистриран капацитет.
– Финансиска поддршка од 950 денари им следува на сите кои имаат одгледано и заклано гоеници од 90 до 130 килограми. Сите фармери кои одгледале и заклале гоеници над 130 килограми, на сметките добиваат 1.950 денари. Агенцијата, интензивно продолжува со обработка на апликацииите се со цел средствата кои на располагање преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, брзо да се трансферираат поеднакво до сите земјоделци кои се занимаваат со растително, но и со сточарско производство, истакна Бачовски.
Од АФПЗРР најавуваат дека во следниот период продолжува исплатата на преостанатите мерки кон сите апликанти кои се стекнале со правото за добивање финансиска поддршка во земјоделството.