Оставете го фејк-њуз ВМРО нека лажат, друго и не знаат тие а и не ги бива за друго, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Фотографиите подолу не се од Германија, од Струмица се.
Пречистителна станица за отпадни води, проект кој решава сериозен проблем на граѓаните.
Драго ми е што како ВД градоначалник бев дел од процесот на реализација.
Муралите ги цртаа наши македонски уметници, не баравме никој од страна, како што тоа го правеше фејк-њуз ВМРО со спомениците од Фиренца, перејки близу 1 милијарда евра пари украдени од џебот на граѓаните!
Ние градиме, инвестираме, реализираме огромни проекти, тие лажат, крадат и манипулираат.
Тоа е огромната разлика помеѓу СДСМ и фејк-њуз ВМРО и сигурност ви тврдам дека е препознаена од граѓаните!“, посочи Костадинов.









































