-Јасно е дека граѓаните гледаат кој работи на напредок и развој, а кој на уназадување и изолација. Тоа граѓаните го ценат и нема дилема дека на 12 април повторно ќе ги поддржат политиките на СДСМ и дека заедно со нив ќе продолжиме на прав пат, пат кој носи повисоки плати, стабилност и сигурност и способна држава, вели во генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за МИА.

Очекувате ли фер изборен процес и какви резултати очекувате од изборите на 12 април?

СДСМ како и досега ќе води позитивна кампања, базирана на конкретни мерки и решенија.
Покажавме дека имаме план дека знаеме и можеме да работиме за граѓаните и за државата. Сите одлуки, сите мерки, сите политки што ги спроведовме во изминатите две и пол години беа исклучиво за подобрување на животот на граѓаните. Така и продолжуваме преку новата програма која повторно ќе понуди многу храбри мерки и политики. Јасно е дека на овие избори СДСМ е фаворит. Јасно е дека граѓаните гледаат кој работи на напредок и развој, а кој на уназадување и изолација. Тоа граѓаните го ценат и нема дилема дека на 12 април повторно ќе ги поддржат политиките на СДСМ и дека заедно со нив ќе продолжиме на прав пат, пат кој носи повисоки
плати, стабилност и сигурност и способна држава.